Свет Пропаганда на ИД на џиновски екрани

Пропаганда на ИД на џиновски екрани

Екстремистите на Исламска држава во ирачкиот град Рамади поставиле џиновски телевизиски екрани кои се користат за да се прикажуваат видеоснимки во кои најавуваат дека ќе заземаат уште ирачки територии.

На снимките се прикажани и нивните воени операции во Ирак и признанија на заробените војници.

Напорите на ирачката влада, предводена од шиитите и од нивните американски сојузници, да се стави крај на контрола на ИД, која контролира околу една третина од Ирак, во моментов се фокусирани на Рамади, во провинцијата Анбар.

ИД често ги користи социјалните мрежи за да се добие поддржувачи.