Свет Европа Пронајдена црната кутија на „Египет ер“

Пронајдена црната кутија на „Египет ер“

Француските истражувачи потврдија дека е пронајдена црната кутија на авионот „Египет ер“ кој минатиот месец се сруши со 66 патници и членови на екипажот.

Египетскиот истражен комитет наведе дека потрагата по црната кутија се интензивирала и дека се очекува до крајот на неделата да се вклучи уште еден брод.

Претходно египетски официјални лица објави дека француска морнарица примила сигнал од длабочината на Медитеранот и дека се претпоставува дека е од една од црните кутии.

Потрагата по остатоците на авионот, кој се урна на 19 мај се намали на површина од пет километри.