Свет Балкан Пронајдена масовна гробница во БИХ

Пронајдена масовна гробница во БИХ

На подрачјето на Власинце во БИХ, на локалитетот Јеловачка чешма, откриена е масовна гробница.

Портпаролката на Институтот за исчезнати лица во БИХ, Лејла Ченгиќ, рече дека досега се воочени пет жртви, а станува збор за комплетни посмртни остатоци.

Во текот на вчерашниот ден, ексхумирани се некомплетни посмртни остатоци на една жртва.

Ченгиќ истакна дека станува збор за примарна масовна гробница и оти посмртните остатоци се пронајдени на длабочина од околу три метри.

– Според нашите информации, се претпоставува дека станува збор за цивили од бошњачка националност, убиени во текот на 1992 година на ова подрачје – рече Ченгиќ.