Хроника Пронајдена малолетната штипјанка што беше пријавена за исчезната

Пронајдена малолетната штипјанка што беше пријавена за исчезната

Дванаесетгодишното девојче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Штип, е пронајдено, информира денеска МВР.

Од полицијата не соопштуваат повеќе детали за тоа кога и каде било пронајдено девојчето.

Девојчето беше пријавено за исчезнато вчераутро, од родител, кој рекол дека неговата ќерка во средата околу 14 часот заминала во непознат правец.