Македонија Пронајдена експлозивна направа во Охридско Езеро

Пронајдена експлозивна направа во Охридско Езеро

Неексплодирана експлозивна направа вчера е пронајдена во водите на Охридско Езеро кај струшкото село Радожда, соопшти денеска МВР.

Како што се наведува во соопштението, вчера, околу 17 часот, во водите во Охридско Езеро кај струшкото село Радожда, била пронајдена една неeксплодирана експлозивна направа, по што од Дирекцијата за спасување и заштита била безбедно подигната.