Свет Европа Пронајдена бомба на железничка станица во Париз

Пронајдена бомба на железничка станица во Париз

Железничкиот сообраќај е сопрен на една железничка станица во Париз, каде работниците, поправајќи ги шините, пронашле неексплодирана бомба.

Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за бомба од Втората светска војна.

– Бомбата е пронајдена за време на работа на шините – изјави неименуван претставник на француската железница, додавајќи дека е запрен сообраќајот на возовите кои пренесуваат патници во Германија, Швајцарија и во Луксембург.

Според информациите на полицијата, бомбата и понатаму има капацитет да експлодира.

Специјални безбедносни екипи работат на демонтирање на бомбата.