Свет Балкан Пронајдена бомба на стадионот „Грбавица“ во Сараево

Пронајдена бомба на стадионот „Грбавица“ во Сараево

Сараевската полиција денеска, околу 14 часот, пронашла експлозивна направа на стадионот „Грбавица“.

Како што јавуваат босанските медиуми, полициските екипи излегле на терен и безбедно ја отстраниле бомбата која била поставена на северната трибина на стадионот.

Полицијата засега не открива повеќе детали и продолжува да работи на расветлување на случајот.