Дописници Пронајден мртов маж во водите на Вардар во гостиварско Чајле

Пронајден мртов маж во водите на Вардар во гостиварско Чајле

Мртов маж на возраст од 86 години вчера доцна попладне бил пронајден во водите на реката Вардар, во близина на гостиварското село Чајле, во месноста Долни ниви.

Мртвото тело е забележано околу 17 часот, од случаен минувач, кој веднаш случајот го пријавил во полиција. На местото на настанот е извршен увид од јавен обвинител.

Телото е предадено на обдукција за да се истражат вистинските причини за смртта, која, според првичните информации, е предизвикана од давење.

Починатиот маж, од неговото семејство, бил пријавен како исчезнат утринава. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

З.Д.