Хроника Пронајден мртов човек на автопатот Скопје – Куманово

Пронајден мртов човек на автопатот Скопје – Куманово

Мртов човек е пронајден на автопатот Скопје – Куманово, потврдија од МВР. На местото каде е пронајден трупот немало траги од крв, ниту пак траги од кочење на возило.

Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за откривање на причините за смртта кај човекот и оти со повеќе детали ќе излезат во текот на утрешниот ден.