Хроника Пронајден јагленосан женски леш во Градски парк во Скопје

Пронајден јагленосан женски леш во Градски парк во Скопје

Изгорено тело на девојка денеска попладне било пронајдено во Градски парк во Скопје, во близина на забавниот парк.

Засега не е утврден индентиетот на девојката, за која првично се претпоставува дека е на возраст од 25 до 30 години.

Телевизијата „Телма“, повикувајќи се на информациите од Итната помош, пренесува дека лекарите биле повикани од очевидец пред околу еден час.

Според информациите, телото било јагленосано, а во моментот јавен обвинител и екипа на полицијата вршат увид и не дозволуваат пристап до местото.