Свет Пронајден е трупот на урнатиот авион на „Ер Азија“

Пронајден е трупот на урнатиот авион на „Ер Азија“

Сингапурски воен брод го пронајде трупот на авионот на „Ер Азија“, кој минатиот месец се урна во Јаванско Mоре, со 162 патници и членови на екипажот, соопшти денеска министерот за одбрана на Сингапур, Нг Енг Хен.

Нг на својот фејсбук-профил напиша дека еден од бродовите на сингапурската морнарица го информирал дека е лоциран трупот на авионот на „Ер Азија“. Тој соопшти дека сликите што ги направиле бродовите покажуваат дел од крилата и дел од трупот.