Македонија Промовирани пет станици за поправка на велосипеди во Скопје

Промовирани пет станици за поправка на велосипеди во Скопје

Град Скопје и Стопанска банка АД – Скопје денеска ги промовираа 5-те станици за поправка на велосипеди кои ќе им овозможат на велосипедистите да извршат мали интервенции на своите велосипеди.

Локациите на сервисните станици се на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24 часовен видеонадзор, со цел да се заштитат станиците од намерно предизвикани штети.

Сите освен една станица се на бензински станици, и тоа станиците на „Макпетрол“ кај поликлиника „Букурешт“, кај Транспортен центар, на излезот од Скопје на улицата кон Маџари, како и бензинската станица на „Окта“ во Ново Лисиче, како и пред Инфо центарот на Град Скопје во Градскиот парк.

Станиците се опремени со пумпа за гуми и шест специфични алати кои се стандардни за ситни поправки на велосипедите.

-Првата пробна станица беше поставена пред повеќе од една година и е во одлична форма. За првите корисници на станиците кои на социјалните мрежи ќе споделат фотографија со #ВозиПравоВозиЗдраво, банката ќе обезбеди симболични подароци – изјави Ратка Тирицовска, Директор на дирекцијата за маркетинг и односи со јавност во Стопанска банка.