Култура Промовирана стихозбирката „Ајде да се сакаме“ на поетесата Славјанка Љуткова

Промовирана стихозбирката „Ајде да се сакаме“ на поетесата Славјанка Љуткова

Синоќа во Велес беше промовирана деветтата стихозбирка на поетесата Славјанка Љуткова, „Ајде да се сакаме“. Овој настан беше во организација на Градска библиотека „Гоце Делчев“ и на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Во стихозбирката има 56 песни посветени на децата кои завлегуваат во тинејџерските години и кои се збогуваат со своето детство, а кои ги понесуваат немирните љубовни води, појасни промоторката Нада Алексоска, професорка во пензија.