Култура Промоција на „Вистинска вода“ од Владимир Мартиновски

Промоција на „Вистинска вода“ од Владимир Мартиновски

Промоцијата на книгата е замислена како музичко-поетска интерпретација

На 10 ноември (понеделник), во галеријата на МКЦ, со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана поетската книга „Вистинска вода“ на Владимир Мартиновски во издание на „Кликер-книги“.

Новата поетска збирка на Мартиновски е трет дел од неговата тетралогија „Квартети“, во која низ четирите поетски циклуси повторно имаме можност да се нурнеме во едно поетско изобилство на музика, слики и на „вистинска вода“.

Промоцијата на книгата е замислена како музичко-поетска интерпретација: музиката е на басистот Оливер Јосифовски, а стиховите ќе ги читаат авторот и поетот Ѓоко Здравески.

Владимир Мартиновски е роден во 1974 година во Скопје. Тој е поет, есеист, раскажувач, книжевен теоретичар и преведувач. Работи како вонреден професор на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. За поетската книга „Квартети“, добитник е престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. „Вистинска вода“ е негова седма збирка поезија.