Дописници Промоција на книга на Стојко Стојков

Промоција на книга на Стојко Стојков

Македонскиот активист и основач на организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден, Стојко Стојков, денеска напладне ќе ја промовира книгата „Табу, време на страв и страдање, прогонувањето на Македонците во Бугарија во време на комунизмот (1944 -1989)“.

Книгата содржи спомени и документи на голем број Македонци репресирани поради својата македонска самосвест за време на комунистичкиот период во Бугарија.

Промотор е академик Иван Катарџиев. Свои спомени и впечатоци ќе раскаже академик Ѓорѓи Попатанасов, самиот репресиран и одлежал затвор во Бугарија поради својата македонска самосвест.

Промоцијата ќе се одржи во 12 часот, на Факултетот по историја и археологија во Штип.