Македонија Промоција на два проекта за правосудниот систем

Промоција на два проекта за правосудниот систем

Центарот за правни истражувања и анализи од Скопје денеска ќе ги презентира проектите „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во македонскиот правен систем“ и „Развивање на индикатори за мониторинг на перформансите на правосудниот сектор“.

Проектите, кои ќе се спроведуваат годинава и следната година, се поддржани од Амбасадата на Велика Британија во Македонија.

На промоцијата е најавено присуство на британскиот амбасадор Чарлс Гарет, министерот за правда, Аднан Јашари, и на претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи, Лидија Стојкова-Зафировска.