Македонија Промоција на аудиоплеер за лица со посебни потреби

Промоција на аудиоплеер за лица со посебни потреби

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе презентира аудиоплеер за лица со посебни потреби, победничкото решение на конкурсот „КулТИП“.

Aудиоплеерот е резултат од проектот „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“ со кој НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) учествуваа на конкурсот „КулТИП 2014“, организиран од Британски совет во соработка со Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ). На конкурсот за иновативни решенија и за воведување нови дигитални технологии во културните институции беше доделена прва награда за аудиоплеерот за лица со посебни потреби.

Аудиоплеерот што го изработија НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ) има цел да овозможи полесен пристап до аудиосодржините обезбедени од Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.