Македонија Промоција на „администрација.мк“

Промоција на „администрација.мк“

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска ќе биде промовиран веб-порталот „администрација.мк“.

Промоцијата доаѓа по неодамнешното добивање можност Македонија во глобалниот интернет-простор да користи кириличен домен, а новиот веб-портал ќе биде претставен од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.