Економија Прометот во индустријата на домашниот пазар бележи пад

Прометот во индустријата на домашниот пазар бележи пад

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври годинава, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 3,4 проценти, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во октомври 2015 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 4,4 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,3 проценти.