Економија Прометот во индустријата лани зголемен за 12,5 проценти во однос на 2017...

Прометот во индустријата лани зголемен за 12,5 проценти во однос на 2017 година

Прометот во индустријата лани е зголемен за 12,5 проценти во однос на 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период прометот во индустријата на домашниот пазар за истиот период бележи зголемување за 1,4 проценти, а на странски пазари за 5,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година во однос на декември 2017 година е намален за 5,2 отсто. Бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти, додека опаѓање има кај капитални производи за 38,5 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 прценти.