Македонија Променливо време со услови за дожд

Променливо време со услови за дожд

Времето претпладне ќе биде сончево, а во текот на денот од запад насекаде ќе се прошири облачност.

Попладне во западните и северните делови од земјата ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температури до 29 Целзиусови степени.