Македонија Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне дожд

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движеше од 4 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 11 до 21 степен.

Во Скопје претежно облачно време, со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Во текот на викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.