Македонија Променливо облачно време, со повремен дожд и со снег на планините

Променливо облачно време, со повремен дожд и со снег на планините

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи во интервал од 1 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 5 Целзиусови степени.

Од вторник следува период на стабилно и суво време со ниска утринска температура, која на места ќе се спушти под нулата, а дневната ќе биде во пораст.