Македонија Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен дожд

Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови и на крајниот исток од земјата. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 29 степени.

Појава на слаб дожд попладне ќе има и в недела, особено на југот од земјава. Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен, тој ќе има послаб интензитет и температурата ќе биде во пораст, вели прогнозата на УХМР.