Македонија Променливо облачно време, со дожд во западните делови од земјата

Променливо облачно време, со дожд во западните делови од земјата

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Поголеми количества врнежи се очекуваат во западните делови од земјава, и тоа кон крајот на денот.

Утринските температури ќе се движат во интервалот од 4 до 13 Целзиусови степени, додека дневните ќе достигнат од 14 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со максимална температура до 21 Целзиусов степен.

Почнувајќи од денес попладне, нашата земја во текот на наредните денови ќе потпадне под влијание на влажен бран, којшто ќе услови променливо облачно време со врнежи од дожд. На некои места ќе има поинтензивни врнежи и ретки грмежи.