Македонија Променливо облачно време попладне со дожд

Променливо облачно време попладне со дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со слаб, а долж Повардарието со умерен ветер од југоисточен правец.

Кон крајот на денот, од југозапад облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во другите подрачја.

Температурата ќе се движи од 13 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе достигне 17 Целзиусови степени.