Македонија Променливо облачно време денеска, температурата до 19 степени

Променливо облачно време денеска, температурата до 19 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, понекаде во котлините со магла, а на истокот со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе започнат умерени врнежи од дожд.

Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне магливо, а преку денот променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степени.