Македонија Променливо облачно, студено и ветровито време

Променливо облачно, студено и ветровито време

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Во претпладневните часови се очекува повремен локален дожд, особено во западните и во јужните делови на земјата, кој повремено ќе биде со умерен интензитет.

На западните повисоки планини врнежите ќе поминуваат во снег. Попладне се очекува намалување на облачноста, а ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Минималната температура ќе биде од 3 до 11 Ццелзиусови степени, а максималната температура од 8 до 15 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 13 Целзиусови степени.