Македонија Променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд, а на планините – снег. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина околу 80 километри на час. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 14 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Од понеделник се очекува стабилно време, а ќе продолжи да дува умерен северен ветер. Утринската температура на почетокот од наредната недела на места ќе биде со негативна вредност.