Македонија Променливо облачно со температура до 31 степен

Променливо облачно со температура до 31 степен

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со подолги сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 31 степен.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 27 Целзиусови степени.