Македонија Променливо облачно со повремен дожд

Променливо облачно со повремен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во текот на денот ќе се преместува кон исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а температурата ќе се движи од 13 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје ќе преовладува слично време со температура до 20 степени.

Од вторник УХМР најавува локална појава на грмежи.