Македонија Променливо облачно со локален дожд

Променливо облачно со локален дожд

Времето во земјава претпладнево ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието каде повремено ќе засилува.
УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура се движеше од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се движи од 24 до 36 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура достигне до 19 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 31 степени.

Од среда следува период на многу топло време. В среда и в четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.