Македонија Променливо облачно и свежо време

Променливо облачно и свежо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо. Претпладне во јужните делови сè уште ќе има локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималната од 19 до 26 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со температурата до 24 Целзиусови степени.

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе надмине 35 Целзиусови степени, а УВ–индексот повторно ќе има многу висока вредност.