Македонија Променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд

Променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови.

Утринската температура се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува од 10 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура достигна до 8 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 18 степени.

В четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а потоа следува период во кој ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни и претежно во попладневните часови.