Свет Балкан Прокопис Павлопулос нов грчки претседател

Прокопис Павлопулос нов грчки претседател

Прокопис Павлопулос е новиот грчки претседател. Грчкиот парламент со 233 гласа „за“ го изгласа поранешниот министер за внатрешни работи и член на Нова демократија, Павлопулос, за нов грчки претседател и за наследник на досегашниот претседател Каролос Папуљас.

Павлопулос доби широка поддршка од пратениците на владеjачката левичарска партија СИРИЗА, која и го предложи за претседател, како и од десничарските Независни Грци и од Нова демократија. Неговиот противкандидат, професорот Никос Аливизатос, доби поддршка од 30 пратеници од партијата Река, која и го кандидираше, како и од грчките социјалисти ПАСОК. Од вкупно 300 пратеници, 32 не гласаа за ниту еден од кандидатите.

Павлопулос има долга политичка кариера. Бил секретар на претседателот Михалис Стасинопулос во 1974 година, владин портпарол на коалициската влада на Золотас во периодот од 1989 до 1990 година, а во 1995 година почнал со работа како политички советник на претседателот Милтијадис Еверт. Од 1996 до денес постојано е дел од грчкото собрание, како пратеник на Нова демократија. Во Владата на Нова демократија беше министер за внатрешни работи од 2004 до 2009 година.