Економија Производството на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во потрошувачката

Производството на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во потрошувачката

Во август сме потрошиле 553.525 мегават-часови електрична енергија, 3.328 милиони кубни метри природен гас, 424.537 тони јаглен и 121.903 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 96,76 проценти од вкупното потрошено количество јаглен се употребени за производство на електрична енергија.