Македонија Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември

Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември

Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември, соопштуваат од партијата.

Од таму додаваат дека, истиот е отворен за заинтересираните експерти и претставници на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата програма за граѓаните и за Македонија.

– СДСМ ја повикува стручната и граѓанската јавност да се вклучи во заокржувањето на новата програма на СДСМ. Конгресот ќе усвои програма што ќе биде преточена во изборна програма на Социјалдемократскиот сојуз, на Македонија и на граѓаните – се вели во соопштението на СДСМ.