Македонија „Професорски пленум“: Ќе посегнеме по сите правни инструменти

„Професорски пленум“: Ќе посегнеме по сите правни инструменти

„Професорски пленум“, по потпишувањето на указот за Законот за високо образовани од претседателот Ѓорѓе Иванов, испрати соопштение во кое се вели дека ќе посегнат по сите правни инструменти, меѓу кои и форми на граѓанска непослушност.

„Почитувани граѓани, укажуваме дека претседателот стави потпис на укази за прогласување на закони кои содржат неуставни одредби, со кои се руши автономијата на Универзитетот и правото на образование, одредби спротивни на Европската конвенција за човекови права, норми спротивни на европските образовни стандарди, конфузни и контрадикторни одредби, неспроведливи и неприменливи норми, норми што ќе ги продлабочат, наместо да ги решат образовните проблеми!“, стои во соопштението.