Македонија Професори бараат да присуствуваат на расправата за законот за образование

Професори бараат да присуствуваат на расправата за законот за образование

Група професори испратиле барање до Собраниската комисија за образование, наука и спорт и до претседателот на Собранието, во кое бараат дозвола претставници од академската заедница и претставници на „Студентски пленум“  да присуствуваат на седницата на Комисијата.

Барањето на својот фејсбук-профил го објави професорката Билјана Ванковска и зад него стои истата група професори кои вчера упатија јавен апел до Владата да го повлече предлог-законот за високо образование.