Македонија Продолжува првото прскање против комарци

Продолжува првото прскање против комарци

Викендов ќе продолжи првото прскање во рамките на авионската и терестричната дезинсекција против возрасни комарци, информираат од Град Скопје.

Авионската дезинсекција ќе се одвива в сабота, во периодот од 5.30 до 10 часот, а терестричната ќе почне в недела и ќе трае до четврток, во период од 23 часот до 4 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција против комарци ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.