Свет Продолжува потрагата по исчезнатите во бродоломот во Индонезија

Продолжува потрагата по исчезнатите во бродоломот во Индонезија

Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата по лицата што исчезнаа по потонувањето на траект со 118 лица во Централна Индонезија, јавуваат светските агенции.

Несреќата се случи пред два дена поради лошите временски услови кај островот Сулавези. Тројца патници загинаа, од кои две се деца, а 39 се спасени.

Судбината на 76 лица не се знае, а сè помали се изгледите дека има уште преживеани.

Потрагата беше прекината во текот на ноќта, но утринава е продолжена во подобри временски услови.