Свет Продолжена вонредната состојба во Франција

Продолжена вонредната состојба во Франција

Францускиот парламент усвои одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци. Вонредна состојба беше воведена по нападите во Париз, извршени во ноември минатата година.

За продолжување на вонредната состојба се изјасни француското Народно собрание, долниот дом на парламентот, кој ја одобри со 212 гласа „за“, додека против беа 31 пратеник.

Горниот дом, Сенатот, претходно веќе го направи тоа.

Министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, во дебатата во парламентот рече дека заканата од нови терористички напади и понатаму е особено висока по нападите во кои загинаа 130 лица.

Групите за човекови права беа против продолжувањето, наведувајќи дека вонредната состојба ги загрозува основните слободи.

Вонредната состојба ќе остане на сила до 26 мај.