Свет Европа Продолжена вонредната состојба во Франција

Продолжена вонредната состојба во Франција

Францускиот парламент денеска го изгласа предлогот за продолжување на вонредната состојба, која беше воведена по минатогодишните терористички напади во Париз. Новото продолжување треба да обезбеди поголема сигурност за време на Европското првенство во фудбал и велосипедската трка Тур де Франс.

Со 209 гласа „за“ и само 30 „против“, Горниот дом на парламентот ја продолжи одлуката за вонредна состојба.

Француските власти воведоа вонредната состојба по терористичките напади на 13 ноември минатата година во Париз, во кои загинаа 130 лица. Вонредната состојба веќе еднаш беше продолжена и тоа во февруари годинава, кога нејзиното времетраење беше продолжено до 26 мај.