Подглавна секција Продажбата на недвижности е намалена во 2022 година кај земјите членки на...

Продажбата на недвижности е намалена во 2022 година кај земјите членки на ЕУ

По пандемијата со ковид-19, пазарот за недвижности е нестабилен и поради мерките за време на пандемијата, станбените трансакции претрпуваат општ пад, заклучува Еуростат

该图片由Pete LinforthPixabay上发布

Во минатата година се намалила продажбата на недвижности во поголемиот дел од 16 членки држави на Европската Унија во споредба со 2021, кога повеќе се купувале станови и куќи, покажува извештајот на Евростат.

Најголемиот пад е забележан во Данска со намалени 31.6 проценти, Холандија со намалени 16.2 проценти и Луксембург со намалени 15.1 проценти.

Извор: Еуростат

Раст на станбени трансакции се забележува во Кипар со зголемување од 27.4 проценти, Ирска со 7.7 процети и Шпанија со 6 проценти.

По пандемијата со ковид-19, пазарот за недвижности е нестабилен и поради мерките за време на пандемијата, станбените трансакции претрпуваат општ пад, при што само четири држави (Данска, Финска, Холандија и Австрија) од земјите на ЕУ, има зголемување на продажбата.

Во 2021 година има привремен раст на ова поле во сите земји членки на ЕУ со исклучок на Луксембург и Холандија. Најголемиот пораст се гледа во Шпанија со 39.3 и Бугарија со 39 проценти.