Македонија Привремен сообраќаен режим на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Привремен сообраќаен режим на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

В сабота, 22 ноември, поради изведување градежни активности, на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставен режим.

Привремен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Московска.