Uncategorized Приведен странски државјанин поради фалсификувани пасош и возачка дозвола

Приведен странски државјанин поради фалсификувани пасош и возачка дозвола

Албански државјанин, пред три дена, бил приведен на граничниот премин Свети Наум, поради сомневање дека пасошот и возачката дозвола му се фалсификувани.

Како што информираат од полицијата, против М.Д. (31) била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа.

Судија на претходна постапка, на странскиот државјанин му одредил мерка притвор од осум дена.