Подглавна секција Приведен скопјанецот што искрши 18 паркирани возила во катната гаража кај „Буњаковец“

Приведен скопјанецот што искрши 18 паркирани возила во катната гаража кај „Буњаковец“

Фото: Will Creswick on Unsplash

Приведен е четириесет и осумгодишен скопјанец кој оштети 18 автомобили во катната гаража во близина на трговскиот центар „Буњаковец“.

„Полициска станица Центар, денеска, во периодот од 07.25 и 07.40 часот, доби повеќе пријави од граѓани чии автомобили биле оштетени. Од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото на настанот, и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража. Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот, С.А., кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор“, стои во извештајот на МВР.

За случајот е известен и Јавен обвинител, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото.