Македонија Приведен радовишанец за подметнување два пожара

Приведен радовишанец за подметнување два пожара

Тој е приведен и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш

Фото: Мета.мк

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото.

„На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума“, информира МВР.

По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ.

Тој е приведен и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш.

„По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава“, велат од МВР.