Македонија Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

При пасошка и гранична контрола, тој со документите дал и пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник од Турција да оствари излез од државата, и покрај тоа што го пречекорил престојот во земјава

фото: Порталб.мк

Поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, вчера околу 16 часот и 30 минути на Граничниот премин Долно Блаце, полицијата го привела 42-годишниот Б.П. од Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

При пасошка и гранична контрола на возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое приведениот го управувал, тој со документите дал и пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник – К.С (25) од Турција, да оствари излез од државата, и покрај тоа што го пречекорил престојот во земјава.

Парите биле одземени, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Приведен е и сопатникот од Турција, кој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.