Македонија Приведен косовски државјанин, понудил поткуп на граница

Приведен косовски државјанин, понудил поткуп на граница

Приведениот управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што нема сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп

Фото: МВР

Утрово околу 10:15 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, полицијата лишила од слобода 55-годишен државјанин од Косово.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), тој управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што нема сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп.

За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.